Зошто е важно?

Физичкиот фитнес е една од најважните детерминанти на здравјето. Поради негативните ефекти од несоодветниот современ животен стил, важноста на физичкиот фитнес се зголемува.
Податоците од МАКфит се важни за секое дете или адолесцент, нивните родители, наставниците по физичко образование и лекарите - тие го следат физичкиот и моторичкиот развој на децата и младите и им помагаат да постигнат подобра физичка кондиција и благосостојба.

  • Годишната проценка на физичкиот развој и моторичката ефикасност им помагаат на децата и младите да го следат развојот на сопственото тело и да стекнат свест дека можат да влијаат преку редовна физичка активност и вежбање.
  • Родителите можат да го следат физичкиот и моторичкиот развој на своите деца и да го споредат со развојот на нивните врсници од Европа.
  • Наставникот по физичко образование или лекарот може објективно да ја процени моменталната состојба на детскиот развој и може да даде препораки за вклучување на детето во одредени спортски активности во слободното време, корективни вежби или други интевенции кои ќе бидат носочени кон подобрување на здравјето.
  • Наставникот по физичко образование може објективно да го дијагностицира физичкиот и моторичкиот развој на децата и на содветен начин да ги индивидуализира вежбите и часовите по физичко образование.
  • Анализата на податоците на популациско ниво овозможува идентификување на промените на национално ниво, што ни овозможува да планираме и воведеме соодветни политики и интервенции.

Галерија

За нас

Факултетот за физичко образование, спорт и здравје е високошколска институција во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, задолжен за образување на стручни кадри со највисока стручна подготовка од областа на физичката култура – Кинезиологијата

Контакт

Адреса: Димче Мирчев бр. 3
1000 Скопје, Северна Македонија
Телефон: +389 2 3113 654
Факс: +389 2 3113 654
E-mail: info@ffk.ukim.edu.mk