Доживотно следење на физичкиот фитнес

Веб-апликација Мој МАКфит им овозможува на учениците и нивните родители пристап преку Интернет до резултатите од мерењата и тестирањата. Наставникот по физичко и здравствено образование, исто така може да ги види резултатите преку оваа апликација, како и матичниот лекарот на детето, ако родителот има дадено согасност за тоа.
 
На Мој МАКфит апликацијата достапни со следниве повратни информации:

  • напредок на физичкиот фитнес на учениците во последната година;
  • споредба на неговиот / нејзиниот физички и моторички развој со врсниците и
  • фитнес здравствени ризици на поединечни резултати од МАКфит.

Ваквиот извештај е добра основа за носење на одлуки од страна на родителите, наставниците и лекарите за физичката активност во училиштето и вонучилиштето, како и за начинот на исхраната на детето. Родителите имаат дополнителна предност бидејќи на едно место можат да добијат увид во информациите за физичката спремност на своите деца.

Воведување на зголемена соработка помеѓу училиштата и здравствениот сектор ќе овозможи воведување иновативни модели на дијагностицирање и рана интервенција во случај на детска дебелина или доцнење во физичкиот и моторичкиот развој, што може да се реши во соработка помеѓу наставниците по физичко и здравствено образоваие и училишните лекари. Таквиот систем ќе овозможи да се дијагностицираат и проблематични средини, што ќе им помогне на локалните власти да планираат и имплементираат соодветни решенија за промовирање на физичката активност, зголемување на активниот транспорт до училиштатата, промовирање на здрав начин на живот и исхрана и сл.

Подобрување на МАКфит платформата со додавање на информации за физичката активност на децата со помош на фитнес тракери, како што се паметните телефони, паметните часовници и други направи за пратење на физичката активност, спортската активност, седентарните активности, спиењето и социо-економскиот статус, исто така ќе овозможат повеќе повратни информации за учесниците и можност за посложени анализи и поттикнување на идниот физички и моторички развој кај децата.

Галерија

За нас

Факултетот за физичко образование, спорт и здравје е високошколска институција во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, задолжен за образување на стручни кадри со највисока стручна подготовка од областа на физичката култура – Кинезиологијата

Контакт

Адреса: Димче Мирчев бр. 3
1000 Скопје, Северна Македонија
Телефон: +389 2 3113 654
Факс: +389 2 3113 654
E-mail: info@ffk.ukim.edu.mk