Што се мери?

Сите основни и средни училишта во Република Северна Македонија треба да организираат мерења МАКфит секоја година во месец април, користејќи иста батерија на тестови.

  • Физичкиот развој на децата и младите се следи преку соматски раст, дефиниран со висина на телото, тежина и процентот на масно ткиво. Нутритивниот статус се проценува преку индекс на телесна маса (BMI), кој се пресметува како сооднос од висината и тежината. Поединците можат да бидат поделени во различни категории на нутритивниот статус: ниска телесна тежина, здрава тежина, зголемена телесна тежина и дебелина. Порцентот на масно ткиво е показател за дистрибуција на периферни маснотии. Децата со висок БМИ и голем процент на масно ткиво се изложени на големи здравствени ризици.
  • Моторичкиот развој се следи преку развој на различни моторички способности. Индикатори на физичкиот фитнес поврзани со здравјето се аеробниот капацитет, мускулната сила, издржливоста на мускулите и флексибилноста. Ризикот од срцеви заболувања, дијабетес и мозочен удар се намалуваат со високо развиените аеробни способности и правилно развиената флексибилност. Мускулната сила и издржливоста на мускулите се важни за превенција на повреди и целокупното функционирање на телото. Индикатори на физичкиот фитнес поврзана со физичката ефикасност се брзина, експлозивна сила и координацијата на телото и обично не се директно поврзани со првенирање на кардиоваскуларни и метаболички ризици, но имаат значително заштитна функција, што овозможуваат брз и координиран одговор во случај на надминување на неочекувани пречки за време на движењата и падовите.
  • Моторичките способности во основно и средно училиште се проценуваат со 6 различни мотрички задачи: претклон во сед, скок во далечина од место, подигнување на трупот за 30 сек., динамометрија на дланка, чунесто трчање  4 х 10 метри и трчање на 20м со прогресивно зголемување на брзината. Врз основа на резултатите, можеме да се процени физичката ефикасност на поединците, што ни овозможува да ја утврдиме нивната положба во однос на популацијата.

Зошто секоја година иста постапка на мерење ?

Постапката за мерење МАКфит е иста секоја година во наставниот план за основните и средните училишта, што ни овозможува директна споредба на индивидуалните резултати - исходи од физички и моторен развој од 6. до 18. години. Изборот на соодветни тестови беше извршен внимателно со помош на пилот и експериментална студија. Задачите се избираат внимателно земајќи ги предвид мерните карактеристики (валидноста, релијабилноста, чуствителноста, како и практичноста и економичноста) за избраната возраст на деца и млади

Галерија

За нас

Факултетот за физичко образование, спорт и здравје е високошколска институција во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, задолжен за образување на стручни кадри со највисока стручна подготовка од областа на физичката култура – Кинезиологијата

Контакт

Адреса: Димче Мирчев бр. 3
1000 Скопје, Северна Македонија
Телефон: +389 2 3113 654
Факс: +389 2 3113 654
E-mail: info@ffk.ukim.edu.mk