Картон на физичкиот и моторичкиот развој

Резултатите од мерењата можат да кажат многу, ако истите се толкуваат правилно. Овде, можете да добиете објаснување за тоа како да ги разберете резултатите од мерењата и како да ги објасните резултатите од индивидуалните тестови и мерки.

Евалуација на резултатите.

Критериумските референтни стандарди вредности преставуваат нова врста на стандарди во следење на физичкиот и моторичкиот развој на децата и младите. Во поранешните сиситем за следење на физичкиот и моторичкиот развој се користеа воглавно нормативни референтни стандарди, односно беа дефинирани норми за секоја компонента од физичкиот развој и моторичките способности. Табелите со нормите беа конструирани на основа на перцентилите, според полот и возраста на ученикот, така што наставникот можеше да ги следи промените во вредностите на некој ученик споредуваќи го неговиот резултат со дефинираните норми, но добиениот резултат не беше поврзан со здравствената состојба на ученикот. Со друго зборови, ваквите информации за состојбта на физичкиот и моторичкиот развој не укажуваа и предупредуваа на евентуалн здравствени ризици кај ученикот. Согасно, новиот концепт за следење на физичкиот и моторичкиот развој добиените податоци од мерењата и тестирањата се доведуваат во индиректна врска со доброто здравје кај децата и младите. За разлики од нормативниот, референтниот стандард врз основа на добиениот резултат го детерминира минималното ниви на физичкиот развој и моторичките способности, кои се неопходни како би се „заштитило“ здравјето на детето или со други зборови, би се намалил ризикот од можни здравствени проблеми во зрелата возраст. Резултатите над минималното ниво (ang. cut-off points) за секоја компонета на физичкиот и моторичите развој („fitness”) се класифизицирани како прифатливи, а резултатите кои се наоѓаат под, се класифицираат во групата на резултати кои треба да се подобрат. Според, водечките автори од оваа област се препорачува користење на критериумски референтни стандарди зато што се тие прифатливи за повеќе деца и млади и затоа што ја подржуваат врската меѓу „fitness” и здравјето, укажувајќи на фактот дека некој може да биде „fit”, а да не припаѓа во групата на елитни спортисти.
Резултатите за ученикот кои се за неговта возраст и пол не се во здравствената зона (жолта и црвена боја), укажуваат дека неговите физички развој и моторичките способности е потрбно да се подобрат за да не се загрози неговото здравје. Наставникот ги следи резултатите и ги класифизицира во една од ови зони. На ученикот треба да му се објасни што значат добиените резултати, во однос на критериумските референтни вредности и да се посоветува како врз основа на добиените резултати да ја одржува или поправи затечената сосотојба.

Дефинирани се зони на здравствени ризици за резултатите од индивидуалните мерки и тестови:

Резултатите од индексот на телесна маса (БМИ) се поделени во 4 различни зони:

  • Ниска телесна тежина,
  • Здрава телесна тежина,
  • Зголемена телесна тежина 
  • Дебелина

Резултатите од процентот на масно ткиво  се поделени во 4 различни зони:

  • Низок процентот на масно ткиво
  • Нормален процент на масно ткиво
  • Умерено покачен процент на масно ткиво
  • Висок процент на масно ткиво

Резултатите од процентот на мускулна маса се поделени во 5 различни зони:

  • Низок процентот на мускулна маса
  • Под просечен процентот на мускулна маса
  • Просечен процентот на мускулна маса
  • Над просечен процентот на мускулна маса
  • Висок процентот на мускулна маса

Резултатите од моторичките (фитнес) тестови се поделени во 3 зони на ризик по здравјето

  • Здравствена зона (зелена боја)
  • Се препорачува подобрување – умерен ризик (жолта боја)
  • Потребно е подобрување – висок ризик (црвена боја)

Прикажувањето на лонгитудиналните резултати во поединечните моторички способнити или антропометриски мерки овозможува да се се добијат трендови за физичкиот и моторичкиот развој и да се идетификуваат проблематичните области кои треба да се реши за да се обезбеди оптимален развој на детето

На графиконот подолу можеме да го забележиме развојот на аеробната издржливост на момче со прекумерна тежина за време на основното образование:

Во прво одделение, момчето се наоѓало во зоната на зголемен здравствен ризик според неговата аеробна издржливост и неговата состојба дополнително се влошила откако започнало да се приближува до зоната со висок ризик по здравјето по 11 годишна возраст и конечно влегува во зоната со висок ризик во 14. година.

На 11 годинишна возраст со влегување во пубертет кај момчето дошло до забрзан раст, но тоа очигледно било проследено со намалување на неговата физичка активност. Како резултат на тоа, неговата телесна тежина започнала да се зголемува многу побрзо од неговиот раст.
Ако момчето ја зголемело својата физичка активност на таа возраст, тоа ќе може да ги сврти трендовите во спротивна насока, да ја подобри својата здравствена сосотојба, својот изглед, самодовербата и во зрелоста возраст да го зголеми својот квалитет на живот, затоа што неговото тело ќе му овозможи успешно да се занимава со физичка активност и спорт во своето слободно време, што во моментов не е во можност да го стори.

Галерија

За нас

Факултетот за физичко образование, спорт и здравје е високошколска институција во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, задолжен за образување на стручни кадри со највисока стручна подготовка од областа на физичката култура – Кинезиологијата

Контакт

Адреса: Димче Мирчев бр. 3
1000 Скопје, Северна Македонија
Телефон: +389 2 3113 654
Факс: +389 2 3113 654
E-mail: info@ffk.ukim.edu.mk