Што е МАКфит

МАКфит треба да стане национален сиситем за следење на физичкиот и моторичкиот развој на децата и младите во Република Северна Македонија. Системот треба да биде имплементиран од 2021 година во сите македонски основни и средни училишта, а оваа година благодарени на Градоначалникот и Советот на Општина Кисела Вода беше тестиран во основните училишта во општината. Секоја година сите основни и средни училишта во Република Северна Македонија, ќе учествуваат во МАКфит, а со истиот треба да биде опфатена и студентската популација. Со помош на МАКфит децата, младите и нивните родители можат да го следат нивниот физички и моторички развој, додека наставниците и лекарите ќе добијат важни информации потребни за планирање и реализирање на интервенции во случај кога децата имаат некој проблем во нивниот физички и моторички развој или насочување на децата во некoја спортска активност, ако истите покажуваат високо ниво на способности.

Во потесна смисла, МАКфит вклучува:

  • годишни систематски мерења на децата со 11 мерки и тестови секоја година во месец април;
  • испраќање на податоците на оние деца чии родители дале согласност во базата податоци на МАКфит, при Факултетот за физичко образование, спорт и зравје, каде податоците се прочистуваат и анализираат, а  извештаи со повратните информации за поедини деца и одделенија се враќаат назад во училиштата;
  • повратна информација за развојот и физичката подготвеност на секое дете (личен картон), кој во себе ги вклучува сировите податоци од сите мерења, како и стандардизирани вредности кои овозможуваат директна споредба на тековниот статус на детето со претходните податоци и со податоците за популацијата, како и проценка на нивните здравствени ризици.

Галерија

За нас

Факултетот за физичко образование, спорт и здравје е високошколска институција во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, задолжен за образување на стручни кадри со највисока стручна подготовка од областа на физичката култура – Кинезиологијата

Контакт

Адреса: Димче Мирчев бр. 3
1000 Скопје, Северна Македонија
Телефон: +389 2 3113 654
Факс: +389 2 3113 654
E-mail: info@ffk.ukim.edu.mk